Ако сакате да го гледате Вардар во Загреб, ќе ви требаат 83 денари!

За девет дена во хрватската престолнина Загреб ќе се одигра првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу домашниот тим и Вардар.

Влезниците за овој натпревар веќе се во продажба и сите оние што сакаат да го следат нема да им бидат потребни многу финансии.

Во зависност од позицијата во „Арена“ најефтините билети чинат 10 куни. Има уште две опции за 20 или за 30 куни.

Тоа значи дека ќе ви требаат 83 денари за највисоките места во салата, а доколку сакате да бидете поблиску до теренот, ќе ви требаат 166 денари, односно 249 денари.

Натпреварот се игра на 23 март со почеток во 20:30 часот.

Билетите може да се купат онлајн ТУКА.