Ако победат во првиот круг, Металург и Куманово се во (не)возможна мисија во второто коло

Екипите на Металург и на Куманово добија противници за надигрување во 1. коло од Купот на ЕХФ, но групната фаза од ова натпреварување ќе биде речиси невозможна мисија со оглед на тоа што следуваат ривали кои имаат искуство со натпревари и во Лигата на шампионите.

Куманово би бил домаќин и на првиот меч од 2. рунда, а противник е Одензе од Данска. Тимот кој го предводи Јан Питлик влегува со амбиции за Ф4 турнир во Купот на ЕХФ, а ова значи дека кумановки ќе бидат пред тешка мисија.

Што се однесува до Металург не помина ништо подобро. Ако успее да го совлада Заглебие Лубин тогаш ќе треба да игра против Сторхамар од Норвешка.

Првите средби од 2. коло во Купот на ЕХФ се играат на 12 и 13 октомври, додека реваншите се една недела подоцна.

КУП НА ЕХФ (ЖЕНИ)

ДВОЈКИ ЗА 2. РУНДА

ПАОК (Грција)/МУРАТПАША БЕЛЕДИЈЕСИ (Турција) – ЛШ КВАЛИФИКАЦИИ 4. МЕСТО

КВИНТУС (Холандија)/ХИФК (Финска) – НАНТ (Франција)

КУМАНОВО (Македонија)/СЛАВИЈА ПРАГА (Чешка) – ОДЕНЗЕ (Данска)

Х 65 ХОРС (Шведска)/БРУЛ (Швајцарија) – КУБАН (Русија)

КОРОНА БРАШОВ (Романија) – БЕРА БЕРА (Шпанија)/ЦУГ (Швајцарија)

ЈУВЕНТА МИХАЛОВЦЕ (Словачка)/ШПОНО ИГЛС (Швајцарија) – НИЦА (Франција)

КОЛЕХО ДЕ ГАЈА (Португалија)/БЕЗАНСОН (Франција) – ФРЕДРИКШТАД (Норвешка)

ХЕРНИНГ ИКАСТ (Данска) – ГОМЕЛ (Белорусија)/ИСТОГУ (Косово)

МЕТАЛУРГ (Македонија)/ЗАГЛЕБИЕ ЛУБИН (Полска) – СТОРХАМАР (Норвешка)

БУКСТЕУДЕ (Германија) – АСТРАХАНОЧКА (Русија)/МАКАБИ АРГ (Израел)

ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД (Русија) – СКУРУ (Шведска)/ВАЛУР (Исланд)

ВАЧИ (Унгарија) – ХИПО (Австрија)/АЦГЕРСДОРФ (Австрија)

ТУРИНГЕР (Германија) – КЕРЈЕНГ (Луксембург)/БЈАСЕН (Норвешка)

ДЕБРЕЦЕН ШЕФЛЕР (Унгарија) – БАЕР Л. (Германија)/ЛАЦИЈА НИКОЗИЈА (Кипар)

МАГУРА Ч. (Романија) – ГАЛИЧАНКА ЛВОВ (Украина)/АЗЕРИОЛ БАКУ (Азербејџан)

ТЕРТНЕС БЕРГЕН (Норвешка) – КРАЈОВА (Романија)/ЈОМИ САЛЕРНО (Италија)

ТУСЕС МЕЦИНГЕН (Германија) – КОПЕНХАГЕН (Данска)