Ако ништо друго, барем ги имаме најдобрите стрелци

Кадетските и сениорски репрезентативци на Македонија, Ненад Костески и Мартин Серафимов, се водечките стрелци на Мундијалот што се одржува во Скопје.

Иако нашата селекција досега не покажа игра со која треба да бидеме задоволни, сепак барем ги имаме двајцата најдобри стрелци.

Костески е лидер на листата на стрелците со вкупно 40 погодоци или во просек по 8 погодоци во пет натпревари од групната фаза.

Капитенот Серафимов го следи со 37 голови или во просек 7.4 голови по натпревар. Нигерискиот репрезентативец Фарук Јусуф, има постигнато досега 36 голови доволно за трето место.

Македонија ја чека осминафинална средба против Португалија, утре со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.