„Ако не го сфатиме Металург сериозно, тогаш….“

Ракометарите на Загреб загубија на последниот натпревар од Лигата на шампионите против Висла Плоцк, па ќе сакаат да ја искористат средбата со Металург во СЕХА Лигата, како добра подготовка за следниот предизвик во ЛШ, Нант. Голманот Аријан Јовиќ смета дека не треба да им дозволат на металурзи да се размавнат, инаку ќе биде лошо.

„Сите сме позитивни. Ќе најдеме решенија за да го надоместиме отсуството на повредените играчи. Се наоѓаме во најважниот дел од сезоната, кога треба да покажеме дека сме вистинска екипа. Металург е дефинитивно незгоден тим. Ако не ги сфатите сериозно и ако не бидеме вистински, тогаш можат да ни направат проблеми, а тоа не смееме да си го дозволиме. Тоа е екипа што е желна за докажување. Немаат што да изгубат, па мораме да бидеме сериозни.“ – вели младиот Јовиќ.

Мечот меѓу Загреб и Металург се игра во салата „Сутинска Врела“ со почеток во 19 часот.