Ако нешто пропуштивте: Најубавите моменти од големата победа на Македонија над Словенија (ВИДЕО)

Средбата меѓу Македонија и Словенија која заврши со резултат 25:24 и голема победа на македонските херои беше една од најубавите досега на Европското првенство. Македонија имаше одлично расположени ракометари кои знаеја што сакаат во текот на целата средба.

Најубавите моменти на оваа средба се споени во едно кратко видео коешто останува во сеќавање на големиот триумф на Македонија со што практично се дојде на чекор од втората рунда.

За оние што не беа во можност да го следат дуелот меѓу Македонија и Словенија видеото во продолжение е шанса да ги видат најубавите моменти од средбата.