“Аир Дибиров”: Неговите голови се посебни ракометни доживувања! (ВИДЕО)

Вардарци втора година по ред се искачија на врвот на СЕХА Гаспром лигата, освојуваќи ја својата четвртта титула во регионалното натпреварување. “Црвено-црните” одиграа одлични два натпревари, на кои бевме сведоци на доста атрактивни потези. Еден од главните ракометари на Вардар кој со своите потези секогаш ја крева публиката на нозе е секако Тимур Дибиров. Летечкиот русин најпрво во првиот полуфинален дуел си поигруваше со ракометарите на Брест Мешков, а на вчерашното финале против Загреб имаше уште една фатнастична испорака “ала Дибиров”. Летечкиот русин на најдобар можен начин ја круниса одличната асистенција на Циндриќ и во својствен стил ја смести топката во голот на Кастелиќ.
Атрактивниот погодок на Дибириов погледнете го во продолжение.