Аеродром убедлив и во еден здив против Партизан

Екипата на Аеродром го одигра дуелот против Партизан во еден здив и дојде до триумф од 44:18 со што си заработи нови бодови во трката за што е можно подобар пласман во битката за пласман во плеј-оф групата.

Аеродром поведе со 2:0 и овие два гола постојано ги зголемуваше во текот на целото прво полувреме. Сите што добија шанса во тимот на Аеродром успеаја да дадат свој придонес и да се изборат за предност од 23:12 на одмор.

Вториот дел беше само формалност бидејќи младиот состав на Партизан од Гевгелија не можеше да следи и постигна само шест гола во вторите 30 минути. На крајот победата беше висока за Аеродром и овој тим се израдува на нови три бода.

АЕРОДРОМ – ПАРТИЗАН           44:18 (23:12)

Сала: Автокоманда во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

АЕРОДРОМ: Трајчевски, Блажевски, Стојчевски 9, Ѓуриќ 3, Антевски 2, Ташевски 5, Станојевиќ 2, Шумовски, Стефановски 7, Митев 1, Ивановски 1, Спасовски 1, Вељановски 1, Андоновски 3, Симоновски 6, Стојчевиќ 3.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 10 мин.

ПАРТИЗАН: Љатев, Трајков 3, Т. Узунчев 2, Ангелов, Мандалов 4, Митров, Д. Узунчев 5, Ангов, 1, Велев, Костадинов 3, Стоев.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 8 мин.