Аеродром со триумфален старт

Започна новата сезона во пионерската лига на Македонија во женска конкуренција. Ќе се натпреваруваат вкупно 16 екипи кои се поделени екипи.

Веќе се одигра првото коло, а неколку екипи за првпат се дел од ова натпреварување. Станува збор за Аеродром и КЛ7, кои имаа половичен ефект.

Интересен натпревар беше одигран во Куманово, каде што домаќинките не успеаја да го изненадат фаворизираниот тим на Металург.

Резултати, 1. коло:

Група 1
Аеродром – Алушовски 14:13 (8:6)
Ѓорче Петров – Драчево одл.
Велкова 5 – Вардар 13:27 (5:14)
КЛ 7 Лазарови – Делчево Вардар 12:38 (5:15)
Куманово – Металург 12:15 (7:8)

Група 2
Феникс АМ – Лихнид 2012 19:15 (11:6)
Пелистер – Кале MK Вардар 19:10 (12:7)
Сани – Стружанка 9:14 (4:7)