Аеродром оди на турнир во Белград

Двете екипите на Аеродром во генерациите до 14 и до 16 години во јуни ќе бидат дел од меѓународниот турнир кој се одржува во Белград. Се работи за летниот турнир „New Belgrade Summmer Cup“, а ќе има тимови од повеќе земји.

Турнирот се одржува од 26 до 28 јуни, а Македонија ќе биде претставувана од Аеродром. Овој клуб ќе биде во конкуренција на тимови од Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Израел, Грција, Унгарија, Словенија…

Според планот за натпреварување на турнирот ќе се игра и во машка и во женска конкуренција. Кај момчињата ќе се игра во четири генерации: У13, У14, У15 и У16. Кај девојчињата ќе се игра само во две генерации и тоа У14 и У16.