Адли се прости од Работник, Валанс го потврди неговиот трансфер (ФОТО)

Кружниот напаѓач Ашраф Адлим по само една сезона заминува од Еурофарм Работник и се сели во Франција. Мароканскиот ракометар кој остави одличен впечаток во Битола, на социјалните мрежи се прости од навивачите на неговиот сега веќе поранешен тим.

Францускиот тим, пак на својот Фесјбук профил го потврди доаѓањето на Адли, кој се обврза на двегодишна верност.