Адвекова потпиша за Динамо, следна Кочетова?

Повремената репрезентативка на Русија, Ана Кочетова, се враќа во екипата од Волгоград, Динамо Синара. Клубот од Волгоград во претходната сезона беше во тешка положба бидејќи имаше финансиски проблеми, а поради тоа голем дел од ракометарките си заминаа во другите клубови од Русија. За следната сезона Динамо подготвува солиден тим кој ќе може да смета на солиден пласман во руското првенство, а со тоа и излез на европска сцена.

Според шпекулациите од Волгоград на трансфер листата е Ана Кочетова која поради семејни причини мораше да паузира две сезони. Нејзиното враќање во Динамо ќе биде од голема корист за екипата која пред две сезони играше на завршниот турнир во Будимпешта. Претходно Динамо се засили и со ракометарката од Ростов Дон, Елена Адвекова.

Во наредниот период се очекува клубот да се засили со уште 2 -3 ракометарки.