Австрија отвори сигурно, аутсајдерот Саудиска Арабија немаше шанси

Во рамки на групата Ц на Светското првенство која се игра во Хернинг, Австрија во својот прв натпревар дојде до победа од 29:22.

На отварањето на натпреварот беше изедначено сè до 5:5, но потоа откако Австријците го преземаа водството без проблеми го одржуваа и постојано го зголемуваа. Клучен период во првото полувреме беше кога Саудиска Арабија намали на 6:7 по што осум минути беа без погодок. Австрија направи серија од 4:0 и на тој начин се одлепи на недостижна предност за противникот.

На полувреме резултатот беше 15:9 во корист на репрезентацијата на Австрија, а во второто полувреме Австријците лесно ја одржуваа предноста стекната во првите 30 минути за рутинска победа на отварањето на првенството.

Ракометарите на Саудиска Арабија во два наврати се доближија на –три гола, но тоа беше сè што можеа да направат. На крајот Австрија  ja совлада Саудиска Арабија со 29:22.

Најефикасни во победничкиот тим беа Микола Билик со седум погодоци и Раул Сантос со пет. Во екипата на Саудиска Арабија најефикасен беше Махди Алсалем со 7 седум гола.

Двете селекции својот настап го продолжуваат веќе утре. Австрија против Чиле игра во 15 часот, а Саудиска Арабија против Норвешка од 17:30 часот.